
Во дербито на седмото коло од грчката Супер лига, АЕК го порази Арис во Солун со резултат од 0-2.
За Арис, ова беше прв овосезонски пораз на стадионот ,,Клеантис Викелидис”, а воедно и прв после 8 мај.
На мечот, АЕК беше далеку поконкретен тим, кој дојде до победата со головите на Дамијан Шимански (28′) и на Леви Гарсија (50′).
На табелата, домаќините ја заземаат десеттата позиција, додека гостите од Атина успеаја да се искачат на второто место.




