
На денешната програма во Рухполдинг, Германија, во рамките на Светскиот куп во биатлон, беше третата штафетна трка во машка конкуренција.
Истата заврши со триумф на Русија (1:11:06,1), прв после 13 јануари 2019, за која настапија Саид Камирула Халили, Данил Серохвостов, Александер Логинов и Максим Цветков.
Ерик Лесер, Роман Реес, Бенедикт Дол и Филип Наврат ја израдуваа домашната публика, откако освоија сребро за Германија (+7,0).
Подиумот го комплетираше селекцијата на Белорусија (+23,0), односно Микита Лабастау, Ѕмитри Лазоуски, Максим Варабеи и Антон Смолски.
Во продолжение, заостаток помал од една минута имаше само Италија (+53,7), а пласманот во првите пет го дополни и Франција (+1:15,0).




