За првпат после 16 март 2019, во рамките на Светскиот куп во ски скокови, екипна победа избори селекцијата на Словенија.
Имено, Ловро Кос, Петер Превц, Тими Зајц и Анже Ланишек се покажаа во најдобри изданија на третото овосезонско тимско натпреварување во Закопане, Полска.
На втората позиција се пласираше Германија (Зеверин Фројнд, Штефан Лаје, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер), а подиумот го комплетираше Јапонија (Јукија Сато, Наоки Накамура, Јунширо Кобајаши и Рјоју Кобајаши).
Победничката репрезентација на првите две скокалници, Австрија, го освои четвртото место, а како петти завршија Норвежаните.
Домашната екипа, Полска, повторно ја покажа својата лоша форма и ја зазеде шестата позиција, оставајќи ги зад себе само Русија, Чешка и Казахстан.