
По вторпат во кариерата, а воедно и вторпат во седум дена, со победа во Светскиот куп во нордиска комбинација се закити Јоханес Лампартер.
Австриецот (25:18,5) беше најбрз на денешното натпреварување во Клингентал, Германија, надоместувајќи го заостатокот од девет секунди, добиен од првата серија.
Тројцата првопласирани после скокот беа први и после трката на десет километри, а за Лампартер да ја запише победата, беше потребен возбудлив финиш.
Имено, победникот ги натскија своите најблиски конкуренти, Кристјан Илвес (+0,3) и Рјота Јамамото (+0,7), за неполна секунда.
Илвес го освои само вториот подиум во кариерата, односно прв после 4 февруари 2018, додека, ист учинок постигна и Јамамото, но прекинувајќи пост од неполна година.
Од останатите натпреварувачи, заостаток под една минута имаа Јулијан Шмид (+16,7), Акито Ватабе (+17,0), Ерик Френцел (+17,8), Франц-Јозеф Рерл (+32,6) и Марио Зајдл (+33,9).
Со новите сто поени, Лампартер се израмни на првото место во генералниот поредок со Јарл Магнус Риибер, кој веќе две недели отсуствува од натпреварувањата, после седумте триумфи на воведните осум трки.




