
Бризбејн Лионс се првите четвртфиналисти на АФЛ, со исклучок на директнопласираните четири први екипи – Џилонг Кетс, Мелбурн Демонс, Сиднеј Свонс и Колингвуд Мегпајс.
Имено, во елиминациското финале, ,,Лавовите” ги поразија Ричмонд Тигерс со (16.10) 106-104 (16.8) после неверојатен финиш.
На две минути до крајот, Том Линч имаше шанса да му донесе победа на Ричмонд, но неговиот шут беше означен како бихајнд после видео-анализа.
Во наредниот напад, Џоу Данихер постигна гол за Бризбејн после гужвата во просторот од педесет метри и практично ја заврши сезоната на ,,Тигрите”.
Токму Данихер (3.0) запиша хет-трик, а расположени во нападот од неговите соиграчи беа уште Ерик Хипвуд (3.1) и Чарли Камерон (3.1).
Кај поразениот состав, горенаведениот Линч (3.2) и Џек Риволдт (3.1) постигнаа хет-трик, а Шеј Болтон (2.0) додаде уште дванаесет поени.