Викендов започнува новата сезона во Суперлигата кај мажите. Во натпреварите од првото коло има неколку интересни натпревари. Во групата Б најнеизвесно се очекува да биде на дуелот помеѓу Голден Арт и Пролет. Во останатите дуели Радовиш го пречекува Јуниор КВ, додека двете битолски екипи се домаќини во среда поради своите настапи во Европа.