Во првиот меч од последното коло на НРЛ, Парамата Илс ги совладаа Мелбурн Сторм со 22-14 и закажаа потенцијален меѓусебен дуел во втората плејоф-фаза.
Имено, со новите два бода, Илс го обезбедија четвртото место, оставајќи ги Сторм сигурни на петтата позиција.
На мечот, Парамата влезе со серија од 20-0, но попушти во самиот крај, кога им овозможи низа од 14-2 на своите ривали во последните тринаесет минути.
За Сторм, поените ги постигнаа Ник Мини (76′ + конверзија), Хари Грант (67′) и Давид Нофоалума (78′).
Кај ,,Јагулите”, задолжен за шутевите беше Митчел Мосес, а по еден есеј постигнаа Дилан Браун (12′), Вил Пенисини (43′) и Маика Сиво (60′).