
На 11 февруари минатата година, во рамките на ЗОИ 2022 во Пекинг, Марте Олсбу Роиселанд стана олимписка шампионка во спринт во биатлон.
Само два дена подоцна, Норвежанката ја освои и титулата во потера и оттогаш не запиша ниедна победа.
Денес, Роиселанд се врати на победничките патеки, откако триумфираше на спринтот во Нове Место (Чешка) од Светскиот куп.
Поради едниот промашај, нејзината сонародничка, Ингрид Ландмарк Тандерволд (+20,5), мораше да се задоволи со второто место, додека третопласирана беше Ане Шевалие-Буше (+29,3) од Франција.
За шест секунди, подиумот и’ ,,побегна” на Доротеа Вирер (+35,4), а пласманот во првите пет го комплетираше Ванеса Воигт (+36,7).