
Индивидуалниот дел од Светското првенство во ски скокови во Планица (Словенија) заврши со денешното натпреварување на големата скокалница во машка конкуренција.
Имено, со титулата ,,светски шампион” се закити Тими Зајц, кој и’ донесе огромно славје на домашната публика.
Воедно, Зајц е првиот Словенец со титула од СП на големиот објект после Франци Петек од 1991 во Вал ди Фиеме, Италија.
Лидерот после првиот дел, Рјоју Кобајаши, го освои сребрениот медал, додека со бронза се закити Полјакот Давид Кубацки.
Во продолжение, пласманот во првите десетмина го пополнија: Камил Штох, Маркус Ајзенбихлер, Штефан Крафт, Халвор Егнер Гранеруд, Карл Гајгер, Пјотр Жила и Јохан Андре Форфанг.