
Салават Јулаев Уфа го израмни вкупниот резултат на 1-1 против Адмирал Владивосток, откако во вториот осминафинален дуел славеше со 5-2.
После пет минути игра, резултатот гласеше 1-1 при што Шакир Мухамадулин им донесе водство на домаќините, а Михал Кристоф израмни за гостите.
Заклучно со самата средина на натпреварот, ,,Зелените” веќе водеа со 5-1, а во листата на стрелците се запишаа Данил Башкиров, Александер Кадејкин, Иван Дроздов и Александер Хмелевски.
До крајот на вториот период, Антон Берлјов го намали дефицитот на Адмирал и воедно го постави конечниот резултат.