
Првата потера од новата сезона на Светскиот куп во биатлон се одржа во Остерсунд и беше базирана на резултатите од четврточниот спринт.
Кај дамите, до јубилејниот десетти триумф стигна Марте Олсбу Роиселанд (32:20,6), која надомести единаесет позиции во однос на спринтот.
На подиумот се најдоа две Французинки, Ане Бекон (+4,8) и Ане Шевалие-Буше (+7,0), кои во тесна завршница завршија пред четвртопласираната Лиза Тереза Хаузер (+7,9).
Домашната публика ќе имаше причина за славје, но сестрите Хана (+22,2) и Елвира Оберг (+23,9) потфрлија на четвртото стрелање и ги загубија шансите за подиум, па мораа да се задоволат со шестата и со седмата позиција.
Кај мажите, Норвежаните (1:14:09,3) беа најдобри на првото тимско натпреварување во новата сезона во чиј состав беа Сиверт Гуторм Бакен, Јоханес Тингнес Бо, Тарјеи Бо и Ветле Сјастад Кристијансен.
Второто место им припадна Французите (+11,2), односно на Емилиен Жакелан, Фабиен Клод, Симон Дестио и Квентин Фијо Маје, а подиумот го комплетираше селекцијата на Русија (+45,9) за која настапија Саид Камирула Халили, Данил Серочвостов, Едуард Латипов и Александер Логинов.