Иако Летонија важи за една од светските велесили во санкањето на вештачки патеки, во машка сингл конкуренција немаше победа во Светскиот куп.
Од денес, во мапата на победниците се запиша и оваа балтичка држава преку Кристерс Апарјодс (1:42,881), кој беше најбрз на олимписката патека во Сочи, Русија.
На второто место се пласираше Германецот Јоханес Лудвиг (+0,024), додека како третопласиран заврши Италијанецот Доминик Фишналер (+0,039), кој постави рекорд на стазата во првата серија.
Најдобриот домашен санкач беше Семјон Павличенко на четвртата позиција (+0,245), а пласманот во првите пет го комплетираше Волфганг Киндл (+0,278).
Во продолжение, помеѓу најдобрите десетмина завршија уште: Феликс Лох (+0,317), Макс Лангенан (+0,400), Роман Репилов (+0,543), Гинтс Бержинс (+0,564) и Нико Глајршер (+0,615).