Четиринаесеттото овосезонско коло од НФЛ го отвори репризата на Супер Боул 53 односно мечот помеѓу ЛА Ремс и Њу Ингланд Патриотс.
Слично сценарио се случи и синоќа, кога е во прашање минималниот број на постигнати поени, но победникот беше различен. Имено, ЛА Ремс славеа со убедливи 24-3 што претставува нивна прва победа над Патриотс после 18 ноември 2001, кога победија со 17-24.
Од друга страна, најтрофејниот клуб во 21. век значително се мачи, откако на местото на Том Брејди дојде Кем Њутон. Патем, ,,Патриотите” го загубија седмиот овосезонски меч и ја имаат првата сезона со седум порази после 2002. Нивната прекината серија од 17 сезони со по 10+ победи беше рекордна во историјата на НФЛ.
Синоќа, единствените поени на гостите паднаа после успешниот филд-гол на Ник Фолк во завршницата на првото полувреме. Дотогаш, Ремс забележија тачдаун со пробивање на Џеред Гоф, еден ,,пик-6″ на Кени Јанг и два екстра-поени, односно еден филд-гол на Мет Геј за предност од 17-3.
Во второто полувреме, единствено Купер Кап ја внесе топката во енд-зоната на Патриотс за конечни 24-3.
Од 2017 нваму, ова е вкупно 34. врзана победа на Ремс кога имаат предност на полувремето што претставува рекордна серија. ,,Овните” моментално имаат учинок од 9-4 и се во голема борба за првото место во НФК Запад со Сиетл Сихокс (8-4).
Во соработка со НФЛ Македонија



