Бразилскиот ас Робињо е во големи проблеми, откако Апелациониот суд во Италија му ја потврди затворската казна од 9 години за случајот со силување во 2013 година во кафуле во Милано.
Со Робињо девет години затворска казна треба да отслужи и неговиот пријател Рикардо Фалко, ако судот не ја прифати жалбата што ја најави адвокатскиот тим на Бразилците.
Во тој период Робињо играше за Милан, а првпат беше обвинет во 2017 година. Процесот се одолговлечи, па дури денеска на втората инстанца казната од 9 години затвор за фудбалскиот ас е потврдена.
Во судот во Италија не беше присутен Робињо, ниту Фалко и уште четворица нивни пријатели кои добија помали казни, а учествувале според обвинението во групното силување на тогаш 23-годишна девојка од Албанија.



