Тенеси Титанс и Балтимор Рејвенс се соочија во плејофот по петти пат во историјата.
Исто како и на претходните четири средби, така и денес, гостите остварија победа.
Имено, Рејвенс триумфираа со 13-20 што претставува прва плејоф победа за нив после 4 јануари 2015, кога ги совладаа Питсбург Стилерс со 17-30.
Тенеси поведоа со 10-0 уште во првата четвртина преку тачдаунот на Еј Џеј Браун и шутевите на Стивен Гостковски, но до крајот успеаја да постигнат само уште еден филд-гол.
Од друга страна, Балтимор постигна два тачдауни преку Ламар Џексон и Џеј Кеј Добинс, а Џастин Такер погоди по два филд-голови и екстра-поени.
Тачдаунот на Џексон беше трчање од 48 јарди што претставува втор најдолг тачдаун со пробивање од страна на еден квотербек во плејоф натпревар.
Накрај, Џексон освои 179 јарди со додавање и 136 јарди со трчање, а притоа уфрли и еден пресечен пас, но успеа да победи во плејофот за првпат во својата кариера.
Неговиот колега од спротивниот табор, Рајан Танехил, исто така имаше едно пресечено додавање во завршницата, а освои 165 јарди од 18/26 обиди.
📸 NBC Sports
Во соработка со НФЛ Македонија



