Војдан Стојановски доби скромна минутажа во својот тим Гравелин Данкерк, во кој што постигна само три поени во купот на Франција против тимот на Шалон Ремс и по продоженија од пет минути домаќините триумфираа со 104:100, па се пласираа во осмина финалето.
Стојановски и Гравелин влегоа во ТОП 8 од Купот на Франција, чиј завршен дел ќе се игра на 20. и на 21 март, додека големото финале е закажано за 24.март. Покрај Гравелин, пласман на завршниот турнир претходно обезбедија екипите на Левалоа, Стразбур, Дижон, Лимож, Ле Ман, Орлеанс и Лион Вилербан.