Вториот осмолигаш во историјата што стигнал до третата рунда на ФА Купот, Марин ФК, не успеа да го помине тестот наречен Тотенхем.
Имено, премиерлигашот беше преголем ,,залак” за полупрофесионалниот состав, кој загуби со убедливи 0-5.
Во пресрет на средбата, навивачите на лондонскиот клуб покажаа класа со тоа што купија виртуелни билети во вредност од сто илјади фунти што ќе завршат на контото на нивниот противник.
На мечот, до првиот хет-трик во дресот на Спарс стигна Карлос Винисиус, кој ја затресе противничката мрежа трипати во интервал од тринаесет минути (24′, 30′ и 37′).
Во меѓувреме, еден гол постигна Лукас Моура (32′), а во второто полувреме, најмлад стрелец во историјата на Тотенхем, со 16 години и 163 дена, стана Алфи Девин (60′).
За крај, во знак на благодарност, Тотенхем остави цела гарнитура од своите дресови.
📸 The Emirates FA Cup