Минатогодишните Оукланд Рејдерс, од оваа сезона се преселија во Лас Вегас носејќи го името Лас Вегас Рејдерс.
Во првото коло, на гостински терен ги поразија Каролина Пантерс со 30-34, а синоќа го одиграа првиот натпревар на домашниот стадион – ,,Алеџајант Стадиум”.
Домашниот терен ја донесе и првата домашна победа и тоа против Њу Орлеанс Сеинтс, кои играа без воделкиит вајд-рисивер Мајкл Томас.
Конечниот резултат изнесуваше 34-24, со којшто Рејдерс дојдоа до учинок од 2-0 по првите две кола.
Сеинтс одлично го започнаа мечот и имаа предност од 0-10 и 7-17. Во завршните минути од првото полувреме, Рејдерс намалија на 14-17, а само неполни две минути подоцна израмнија преку филд-гол во последната секунда, после грешката и пресеченото додавање на Дру Брис.
Рејдерс доминираа и во второто полувреме, коешто го добија со 17-7.
Од поразениот состав, најжногу се истакна Алвин Камара со 174 јарди и два тачдауни. Освен Камара, уште еден тачдаун постигна Џеред Кук, а останатите поени ги освои шутерот Вил Латц.
Кај победниците, по еден тачдаун со фаќање забележија Алек Инголд, Зеј Џонс и Дерен Волер, а Џејлен Ричард успешно истрча до енд-зоната во последната четвртина.
Другите поени беа дело на шутерот Даниел Карлсон, а квотербекот Дерек Кар освои 282 јарди и имаше 28/38 обиди за додавање.
Во соработка со НФЛ Македонија




