Тампа Беј Лајтнинг ја израмнија финалната серија со Далас Старс на 1-1, по денешната победа од 3-2.
Избраниците на Џон Купер ја остварија капиталната предност од 3-0 уште во првата третина. По еден пауер-плеј погодок постигнаа Брендон Поинт и Ондреј Палат, а третиот гол го даде Кевин Шатенкирк.
Играчите на Далас постигнаа по еден погодок во втората и во третата третина.
Најпрво, на 3-1 намали Џоу Павелски, а конечниот резултат го постави Матијас Јанмарк.



