Екипата на Дерби Каунти доби ново засилување во нападот, откако, како слободен агент, двегодишен договор потпиша Џордон Ајб.
Ајб, претходно, беше член на Барнмут, каде што настапуваше од 2016 до 2020.
Сезоната 2014/15, Англичанецот ја помина на позајмица токму во Дерби Каунти, кога постигна пет гола на дваесет натпревари.
Токму поради овој престој во Источен Мидлендс, првата реченица од денешното интервју на Ајб гласеше:
,,Имам незавршена работа овде.”
Во врска со новиот играч, тренерот на ,,Овните”, Филип Коку, се огласи:
,,Џордон е играч со огромен потенцијал и несомнена способност. Неколку години настапуваше во Премиер лигата и како 24-годишник, има уште многу години пред себе во својата кариера.”
Имено, Ајб ја започна сениорската кариера уште на петнаесет години во Викомб Вондерерс, а исто така, одигра и четириесет и една средба за Ливерпул. Од ,,Енфилд”, освен во Дерби, помина и една полусезонска пизајмица во Бирмингем.