За првпат после 6 декември 2009, Лас Вегас Рејдерс славеа над Питсбург Стилерс на гостински терен, откако во второто коло од новата сезона, триумфираа со 17-26.
На мечот, Стилерс водеа само во еден наврат со 7-6, додека во останатиот период, позитивата беше на гостинската страна.
По еден тачдаун за домашниот состав постигнаа Џуџу Смит-Шустер (прв во кариерата со пробивање) и Наџи Херис, а единствениот филд-гол беше дело на Крис Босвел.
Шутерот на Стилерс беше прецизен за три поени од 56 јарди што претставува нов најдалечен успешен шут во историјата на ,,Хајнц Филд Стадиум”.
Од друга страна, за Рејдерс, одличен меч одигра квотербекот Дерек Кар, кој и покрај повредата во третата четвртина, уфрли 382 јарди и два тачдауни.
Освен шутерот Даниел Карлсон, кој беше стопроцентен за четиринаесет поени, поентери за Рејдерс беа уште Фостер Моро и Хенри Рагс.
После две одиграни средби, Рејдерс имаат учинок од 2-0, додека Стилерс се половични со 1-1.
Во соработка со НФЛ Македонија