Првата ,,нула” во новата НФЛ сезона им припадна на Мајами Долфинс, кои во второто коло беа поразени од Бафало Билс со 0-35.
За Билс, ова беше шеста последователна победа над ривалите од АФК Исток на која постигнаа над триесет поени.
За Мајами, сè тргна по зло уште во првата четвртина, кога стартниот квотербек, Туа Таговаилоа, поради повреда го напушти теренот.
На негово место застана резервистот Џакоби Брисет, кој освои 178 јарди и уфрли едно пресечено додавање.
Неговиот колега на спротивната страна, Џош Ален, истрча 35 и подаде за 179 јарди, притоа запишувајќи и два тачдауни.
Од играчите на Бафало, топката во енд-зоната ја внесоа Девин Синглтери (освоени 82 јарди со 13 трчања), Стефон Дигс (4 фаќања за 60 јарди), Досон Нокс и Зек Мос (х2).
После две одиграни средби и двете екипи имаат учинок од 1-1, а во истата дивизија се наоѓаат уште Њу Ингланд Патриотс (1-1) и Њујорк Џетс (0-2).
Во соработка со НФЛ Македонија