На овогодинешниот ,,Сајпрус Опен”, во Кипар, првата професионална победа во кариерата ја оствари Калум Шинквин.
Англичанецот успеа да слави после плејофот на осумнаесеттата дупка против Финецот Кале Самооја, откако и двајцата, после четири дена, имаа по (-20) поени.
За Шинквин, ова беше втор плејоф, откако во 2017, беше поразен од Рафа Кабрера-Бељо на ,,Скотиш Опен”.
Третото место го поделија три други голфери, со по (-18), помеѓу кои се наоѓаше и првопласираниот после третиот ден – Џејми Доналдсон.
Освен тројцата горенаведени, во првите десет завршија уште: Герит Хиго (-18), Роберт МекИнтаер (-18), Џејсон Скривенер (-17), Сами Валимаки (-17), Дејл Вајтнел (-17), Адриен Садје (-16), Томас Детри (-15) и Дејвид Драјсдејл (-15).



