Еден од десетте денешни натпревари во КХЛ го одиграа Автомобилист Екатеринбург и Динамо Рига.
Летонските претставници го потврдија епитетот за најслаб тим сезонава, запишувајќи го осмиот врзан пораз, притоа губејќи со 7-2.
За Динамо, единствени стрелци беа Кристапс Зиле за 1-1 и Патрикс Забусовс за 6-2.
Од друга страна, кај домаќините хет-трик постигна Алексеј Макејев, двапати стрелец беше Станислав Бочаров, а по еден гол постигнаа Ден Секстон и Брукс Мајсек.



