
Првото натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во биатлон во машка конкуренција беше трката на дваесет километри во Контиолахти, Финска.
Истото донесе огромни изненадувања, особено на пиедесталот, каде што се најдоа двајца потполни аутсајдери на хартија.
До првата победа во Светскиот куп во својата кариера дојде Швеѓанецот Мартин Понсилуома (49:36,5), кој имаше само еден промашај на стрелањето.
На второто и на третото место завршија двајцата дебитанти на подиумот, а воедно и единствените со стопроцентен стрелачки учинок – Никлас Хартвег (+37,2) и Давид Цобел (+59,3).
Во продолжение, сите останати скијачи имаа заостаток над една минута, а во првите петмина се најдоа уште Роман Реес (+1:00,9) и Себастијан Самуелсон (+1:02,8).