На денешната програма од Светскиот куп во биатлон беа спринт-трките во машка и во женска конкуренција, одржани во Нове Место.
Кај дамите, до петтата врзана победа во спринт, вклучувајќи го и Светското првенство, дојде Норвежанката Тирил Екоф (18:48,4) и покрај едно промашено стрелање.
До осмиот подиум во кариерата, со денешното второ место, стигна Украинката Јулија Џима (+9,3), а Италијанката Лиза Витоци (+15,0) се пласираше на најниското скалило на пиедесталот.
Освен нив, пласманот во топ 5 го комплетираа Ѕинара Алимбекава (+16,1) и Доротеа Вирер (+16,3).
Во машка категорија, Французинот Симон Дестио (22:58,0) ја оствари првата индивидуална победа во кариерата.
На подиумот, освен него, се пласираа Себастијан Самуелсон (+2,4) и Арнд Пајфер (+4,4), кои исто така беа стопроцентни на стрелањето.
Во продолжение, уште Стурла Холм Лагреид (+10,4) и Тарјеи Бо (+10,6) се пласираа во најдобрите пет.
📸 Manzoni/IBU