Екипата на Авангард Омск испушти одлична можност за да поведе на вкупни 3-0 во осмина-финалната серија против Автомобилист Екатеринбург.
Имено, Автомобилист денес го доби својот ривал со 2-1.
Домаќините поведоа во средината на вториот период преку Станислав Бочаров, а само една минута подоцна, Авангард израмни со голот на Александер Хохлачев.
Резултатот од 1-1 беше актуелен сè до 68 секунди пред крајот, кога Грегориј Белоусов погоди за првиот триумф во плејофот на тимот од Екатеринбург.
Освен двата стрелци, важен играч за победата на ,,Црвените” беше голманот Јакуб Коварж со 37/38 одбранети удари (97,37%).
📸 Twitter: ХК Авангард