Последниот настан од Светското првенство во нордиска комбинација во машка конкуренција беше денешното тимско натпреварување.
На него, титулата ја освои Австрија (29:29,7), која беше второпласирана после првата серија. За неа настапуваа новиот светски шампион, Јоханес Лампартер и Лукас Грајдерер.
На второто место, поради послабите скокови, се пласираше Норвешка (+39,6), односно Еспен Андерсен и Јарл Магнус Риибер.
Од друга страна, бронзата за Германија (+1:07,4) ја донесе тандемот составен од Фабијан Рисле и од Ерик Френцел.
Најдобрата скокачка селекција, Јапонија (+1:09,2) беше четвртопласирана, а петтата позиција ја освои Финска (+1:42,7).
За овие две репрезентации скокаа и скијаа Акито Ватабе и Рјота Јамамото, односно Илка Херола и Ееро Хирвонен.
📸 skysportaustria.at