
Пред еден и пол месец, новајлијата во ирската Премиер дивизија, Корк Сити, го декласираше УК Даблин со 4-0.
Сепак, во десеттото коло, универзитетскиот тим го возврати ударот и славеше со минимални 1-0.
И покрај првиот триумф во сезоната, УК Даблин остана на последното место, но му се доближи на само четири поени на Корк, кој ја држи деветтата позиција.
Во натпревар со малку прилики, човек на одлуката беше Киран Беан (2′), кој во раната фаза дојде до вториот овосезонски погодок.