
Четириесет и второто коло од англискиот Чемпионшип беше отворено со убедливиот триумф на Мидлсброу од 5-1 против Норвич.
Со новите три бода, избраниците на Мајкл Керик скокнаа на третото место на табелата, оставајќи ги своите ривали на осмата позиција.
На мечот, Арон Ремзи (7′) им донесе брзо водство на домаќините, а останатите пет гола паднаа во интервал од осум минути игра помеѓу двете полувремиња.
За Мидлсброу, освен Англичанецот, стрелаа уште Хејден Хекни (41′), Камерон Арчер (43′, 45+6′) и Чаба Акпом (49′), додека единствениот што ја затресе мрежата на Закари Стефен беше Џош Сарџент (45′).