
Екипата на Ларн стана новиот шампион на северноирскиот Премиершип, освојувајќи ја својата прва професионална титула во 134-годишната историја.
Претставниците на округот Ентрим дојдоа до круната на две кола пред крајот, совладувајќи ги Крусејдерс со 0-2.
Со новите три бода, избраниците на Тирнан Линч го обезбедија првото место, додека поразениот состав остана на четвртата, но сè уште има шанси да се бори и за втората позиција.
На натпреварот, домаќините останаа со десетмина на теренот, откако директен црвен картон заработи Били Барнс (38′).
Од друга страна, гостите постигнаа по еден гол и во двете полувремиња, а во листата на стрелците се запишаа Енди Рајан (12′) и Ли Бонис (62′).