
Денешниот ден од натпреварувачкиот викенд во Рухполдинг (Германија), од Светскиот куп во биатлон, беше резервиран за женската штафета.
На неа, за првпат сезонава, победа запиша Норвешка (1:08:17,3) за која настапија Каролине Кнотен, Рагнилд Фемштајневик, Марте Олсбу Роиселанд и Ингрид Ландмарк Тандерволд.
Второто место на Германија (+15,3) и’ го донесоа Ана Вајдел, Ванеса Воигт, Софија Шнајдер и Денизе Херман-Вик, а третопласирана беше Италија (+33,5), односно Самуела Комола, Лиза Витоци, Ребека Паслер и Доротеа Вирер.
За неполни три секунди, без пиедестал остана Швајцарија (+36,3), а под една минута доцнеше уште селекцијата на Чешка (+57,6).