
Ривалството помеѓу регионите Јоркшир и Ленкашир има силен впечаток врз англиската историја.
Токму две екипи од овие делови на Британија, Ротерам Јунајтед и Блекбурн Роверс, го отворија дваесет и седмото коло на Чемпионшип.
Ротерам го доби овој натпревар со убедливи 4-0 и го запиша првиот меѓусебен триумф после речиси четири години.
Популарните ,,Милерс” поведоа после само триесет секунди преку дебитантскиот лигашки погодок на Хаким Одофин (1′), а останатите три гола паднаа во второто полувреме.
Освен дефанзивецот, во листата на стрелците се запишаа уште Оливер Ратбоун (52′), Шејн Фергусон (76′) и Конор Вашингтон (90+3′).
За Блекбурн, ова беше дваесет и седми овосезонски натпревар во низа без реми што претставува само зголемување на нивниот веќе поставен рекорд.
На табелата, Роверс останаа на третото место, додека Ротерам скокна на деветнаесеттата позиција.