
Поради временските услови, на денешната програма во Ст. Антон (Австрија) од Светскиот куп во алпско скијање беше супервелеслалом, наместо спуст.
Од промената на дисциплината, најголем профит оствари Федерика Брињоне (1:00,21), која го запиша првиот триумф во тековната сезона.
Зад неа се најдоа две Швајцарки, Јоана Хелен (+0,54) и Лара Гут-Бехрами (+0,66), кои го комплетираа победничкиот пиедестал.
Во продолжение, под една секунда доцнеа уште четири скијачки, односно Теса Ворли (+0,82), Тамара Типлер (+0,89), Рагнилд Мовинкел (+0,96) и Кира Вајдле (+0,97).