
За првпат во 2022 на меѓусебните дуели, Винипег Џетс успеаја да запишат победа над Далас Старс.
Имено, Канаѓаните ја прекинаа низата од три победи на претставниците на Тексас, откако синоќа ги совладаа со 5-1.
На стартот на втората третина, Џејсон Робертсон им донесе водство на гостите, но само дваесет секунди подоцна, за Џетс израмни Марк Шајфеле.
До крајот, домаќините уште четири пати ја затресоа мрежата на Скот Веџвуд, благодарение на: Пјер-Лук Дубуа, горенаведениот Шајфеле, Саку Меналанен и Мејсон Аплтон.
Во Западната конференција, Винипег фо претекна Далас и го спушти на четвртото место, заземајќи му ја третата позиција.