
Во заостанатото осмо коло од Лиг 2, Рочдејл успеа да го совлада Салфорд со минимални 1-0 и покрај аутсајдерската улога.
Херој за избраниците на Џим Бентли беше Иан Хендерсон (80′), кој погоди со глава по асистенција на Итан Брирли.
За Хендерсон, ова беше втор овосезонски погодок, но доволен за преземање на првото место на голгетерската листа во историјата на клубот.
Имено, Англичанецот, кој минатите две сезони ги помина токму во Салфорд, дојде до бројка од 130 голови за Рочдејл, претекнувајќи го Рег Џенкинс на вечната листа.
Новите три бода му помогнаа на Рочдејл да скокне на деветнаесеттото место, додека Салфорд остана на осмата позиција.