понеделник, март 20, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Ти Џеј Шортс: Пресреќен сум што ќе играм за Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 9, 2022
📁 Кошарка

„Верувам дека ќе одиграм најдобро што можам за да дојдеме до посакуваните победи“ – вели новиот член на нашата најдобра селекција

Македонската кошаркарска репрезентација веќе ги  одработи првите тренинзи во салата „26.април“ во Гевгелија, каде што оваа седмица ќе ги одигра дуелите против Норвешка (10. ноември) и Данска (13. ноември) дел од ФИБА ноемврискиот „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025.

На овие две, исклучително важни средби се очекува и деби настап на нашиот нов репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, кој пред извесно време го доби македонското државјанство и се стекна со македонска патна исправа.

А од најдобриот стрелец во Бундеслигата очекуваме многу, бидејќи селекторот Александар Јончевски нема да може да смета на дури тројца стартери – Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски поради обврски кон клубовите и на повредениот Кристијан Николов.

„Пресреќен сум за шансата што ќе играм за селекција како Македонија и сигурен сум дека ќе дадам сѐ од себе за да ја оправдам довербата. Пред нас се исклучително тешки мечеви против Норвешка и Данска, и верувам дека ќе одиграм најдобро што можат за да дојдеме до посакуваните победи“ – посакува новиот член на нашиот сениорски национален тим.

Станува збор за најдобриот стрелец во Бундеслигата, и еден од најдобрите играчи на првата бековска позиција во уводниот дел од ФИБА Лигата на Шампионите знае што се очекува од него на средбите кои следуваат во Гевгелија.

„Од мене се очекува добро да ја организирам играта, да постигнам што може повеќе кошеви, но и да придонесам да се крене натпреварувачкиот дух во екипата“ – дополнува кошаркарот на Телеком Бон.

Ти Џеј искрено вели дека не знаел премногу за државата чиј пасош неодамна доби.

„Мора да признаам дека не знаев ништо посебно за Македонија. Но почнувам да учам и ќе продолжам да се надоградувам, со цел да се вклопам во новата средина. Слушав одлични работи за селекторот, соиграчите и сигурен сум дека пред нас се добри времиња и успешни резултати“ – вели новиот Македонец со американско потекло.

ShareTweet
Претходна вест

Амур стигна до првата победа над Динамо Москва на домашен терен после 2010

Следна вест

(ВИДЕО) Прв триумф во 2022 на Винипег против Далас

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно
Кошарка

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Фев/2023
КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите
Кошарка

КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва
Кошарка

Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години
Кошарка

Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Фев/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Прв триумф во 2022 на Винипег против Далас

(ВИДЕО) Прв триумф во 2022 на Винипег против Далас

Последно

(ВИДЕО) Победнички пресврт на Пеликанс во последната минута

ПАОК после пресврт до победа во градското дерби против Арис

(ВИДЕО) Адмирал испиша нова страница во клупската историја

(ВИДЕО) Убедливо издание на Њујорк Ренџерс против Нешвил Предаторс

Прекрасното 26. издание на Златна Бубамара на популарноста наскоро и на ТВ

Одличните Гакидова и Јанеска со шанси за финале во Европскиот Куп

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.