
Балтимор Ориолс, иако аутсајдери на хартија, успеаја да ја добијат серијата против Сиетл Маринерс со вкупни 2-1.
Имено, синоќа беше одигран нивниот трет последователен меѓусебен дуел што Балтимор го доби со 0-6.
Ориолс ги постигнаа своите поени во вториот, во седмиот и во осмиот ининг, а на своите ривали не им дозволија ниту една освоена база.
Најзаслужен за тоа беше фрлачот Џон Минс, кој стана првиот играч на Балтимор после Џим Палмер во 1969 што одиграл соло перфектен натпревар, односно меч без допуштена база.
За Минс, ова беше четврти старт во сезоната на кој дојде и до четвртата победа со дури дванаесет постигнати страјк-аути.
Со хоум-ран за гостите поентираа Пет Валаика и Треј Мансини, а по четири бази освоија Рајан Маунткесл, Ди Џеј Стјуарт, Седрик Малинс и Остин Хејс.
На табелата на Американската лига, Сиетл (17-15) го држеше шестото, а Балтимор (15-16) – единаесеттото место непосредно по натпреварот.



