
Екипата на Винипег Џетс имаше серија од седум последователни порази со која го доведе до прашање своето навидум сигурно учество во плејофот.
Сепак, Џетс успеаја да се консолидираат пред т.н. битката на Алберта и да ја прекинат лошата низа со победа од 0-4 над лутите ривали – Калгари Флејмс.
Калгари беше подоминантен тим на ледената плоча што може да се потврди со фактот дека бројот на упатени шутеви изнесуваше 32-19 во негова корист.
Сепак, ниеден од нив не заврши во мрежата бидејќи Конор Хелебајк беше стопроцентен на својот гол за третиот шут-аут во сезоната.
Од друга страна, 4/19 шутеви на Винипег, односно 21,05% завршија позади грбот на Јакоб Маркстром – голманот на Флејмс, кој пристигна како засилување од Ванкувер Кенакс.
На мечот, Џетс погодија двапати во втората и по еднаш во првата и во третата третина, а по два гола постигнаа Адам Лоури и Блејк Вилер.
Резултатот ќе беше поубедлив во корист на победничкиот состав, доколку Ендру Коп го погодеше пеналот во последната минута.
Во Северната дивизија, Винипег остана на третото место, додека Калгари ја зазема четвртата позиција без шанси за плејоф.



