Првите пикови од двата последни драфтови, Џоу Бароу и Тревор Лоренс, се соочија во увертирата на четвртото коло од новата НФЛ сезона.
Бароу, како предводник на Синсинати Бенгалс, со 348 освоени јарди со додавање од 25/32 обиди и со два уфрлени тачдауни, беше главен адут во победата на својот тим од 24-21 над Џексонвил Џагуарс.
Освен него, решавачки настроен беше и шутерот Иван МекФерсон, кој погоди филд-гол за победа во последната секунда.
На овој меч, тачдауни за Бенгалс забележија Џоу Миксон со трчање и Си Џеј Узома двапати со фаќање, додека најдобар рисивер со 118 освоени јарди беше Тајлер Бојд.
На спротивната страна, предност од 0-14, односно од 14-21 на Џексонвил му донесоа тачдауните на Тревор Лоренс и на Џејмс Робинсон (х2), заедно со екстра-поените на Метју Рајт.
За гостите од Флорида, доминантна беше играта со пробивање, особено во ,,црвената” зона, кога беа постигнати и сите три поентирања.
Лоренс го заврши мечот со 17/24 обиди со додавање за 204 јарди и без уфрлен тачдаун.
За Џагуарс, ова беше вкупно деветнаесетти пораз во низа во НФЛ што претставува трета најдолга негативна серија во историјата и прва после серијата на Детроит Лионс од 2007 до 2009 (19).
Бенгалс, пак, започнаа сезона со учинок од 3-1 за првпат после 2018, кога накрај завршија на дванаесеттото место во својата конференција со скромни 6-10.
Во соработка со НФЛ Македонија