
Фриментл Докерс и Вест Коуст Иглс го затворија претпоследното коло од регуларната АФЛ сезона со нивното 53. Западно дерби.
Имено, Докерс ја прекинаа серијата од единаесет меѓусебни триумфи на ,,Орлите” со денешната победа од (12.7) 79-64 (9.10).
На овој начин, победниците ги оживеаја своите надежи за пласман во плејофот, додека Иглс максимално го искомплицираа навидум сигурното учество во доигрувањето.
Во пресрет на последната рунда, двете екипи имаат по 40 бодови, односно го делат клучното осмо место со Есендон Бомберс.
Докерс денес го најавија својот атак на победа уште во првата четвртина што ја добија со убедливи 50-20.
Во продолжение, предноста порасна и на +40, но во последниот квартал, Вест Коуст ја намали својата негатива на само -6 што се покажа како недоволен подвиг.
Во поразениот состав, најефикасни играчи со учинок од (3.1) беа Лиам Рајан и Џош Кенеди.
На спротивната страна, хет-трик запиша Мет Табернер (3.0), а важни поени донесоа уште Лечи Шулц (2.2) и Кејлеб Серонг (2.0).



