
Раул Фернандез беше најбрз на трката за големата награда на Австрија, доаѓајќи до својата четврта победа во Мото 2.
Шпанецот, со новите 25 бодови, дојде на само 19 поени заостаток во однос на првопласираниот во генералниот пласман, Реми Гарднер, кој денес заврши на седмото место.
Во битка за победата се вмеша и Јапонецот Аи Огура, кој накрај се пласираше на второто место и го оствари својот најдобар пласман во Мото 2.
На третата позиција, по третпат во низа, заврши уште еден Шпанец, Аугусто Фернандез, а неговиот клупски колега, Сем Лоус, дојде до четвртото место.
Најдобар личен резултат во категоријата до 250 кубици оствари и петтопласираниот Сомкијат Чантра, додека Челестино Виети ја помина целната линија како шести (поради казна во последниот свијок).



