Во периодот од 12 до 15 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” се одржува 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Еурофарм Пелистер и Вардар ќе играат во финалето за трофејот на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир вечерва во 21 часот и 15 минути.
Во борбата за третото место (19:15 часот) ќе се борат екипите на Тиквеш и Бутел.
Додека во борбата за петтото место (почеток 17:15 часот) ќе играат домаќинот Струга и тимот на Металург.