На 18 ноември 2018, на мечот помеѓу Вашингтон (Редскинс) и Хјустон Тексанс, во рамките на единаесеттор6о коло од НФЛ, квотербекот на домаќините, Алекс Смит, доживеа ужасна скршеница на десната нога.
Своевремено првиот пик на драфтот во 2005 беше подложен на инстантна операција. Сепак, после операцијата, искусниот квотербек доби сепса, после којашто беа потребни седумнаесет нови операции за да се спречи ампутација на ногата.
Смит одлучи да не се пензионира после тешката повреда и денес се врати на теренот после речиси две години.
При крајот на втората четвртина, стартниот квотербек на Вашингтон, Кајл Ален, доживеа блага повреда, по којашто Смит се врати на теренот после точно 693 дена.
На крајот, ЛА Ремс заминаа со победата од убедливи 10-30, нанесувајќи им го четвртиот пораз на Вашингтон.
Во соработка со НФЛ Македонија



