Во рамките на 9 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректна игра во Кочани домашната истоимена екипа ја нагости ЖФК Речица, а резултатот гласи неверојатни 1:14 на полувреме резултатот беше 0:10.
Ова за гостинската екипа е нивна рекордна победа во Прва ЖФЛ, а во исто време и нови три бода кои што им носат прогрес на табелата. ЖФК Кочани има млада екипа и се чини дека ќе собираат само искуство и ќе бидат во долниот дел на табелата.
За ЖФК Речица повторно двоецот Петковска и Јовановска беше во елемент и од 14 гола тие заедно искомбинираа дури 9 гола, од кои што Анѓела Петковска зад своето име запиша шест, а додека Јасмина Јовановска постигна хет-трик.