Светското првенство во биатлон, одржано во Покљука, Словенија, продолжи денес со спринт-трката во машка конкуренција.
На неа, до првото поединечен медал во кариерата дојде Швеѓанецот Мартин Понсилуома (24:41,1), кој немаше ниеден промашај на двете стрелања.
На подиумот, позади него, застанаа двајцата Французи – Симон Дестио (+11,2) и Емилиен Жакелан (+12,9). За Дестио, ова е прво светско сребро, додека Жакелан освои индивидуален подиум на СП по третпат во кариерата.
Норвежанецот Јоханес Дале (+22,4) го освои четвртото место, а неговиот сонародник и водечкиот во Светскиот куп, Јоханес Тингнес Бо (+22,5), беше петти.
Во топ 10 се пласираа уште: Квентин Фијо Маје (+23,9), Стурла Холм Лагреид (+25,7), Себастијан Самуелсон (+26,7), Тарјеи Бо (+28,2) и Едуард Латипов (+33,3).
Нашиот репрезентативец, Ставре Јада, со три промашени стрелања, го зазеде последното 104. место (+8:15,4).
📸 David Lidstrom/Getty Images