По вторпат во тековната сезона од Светскиот куп во ски скокови, полскиот Закопане ќе биде домаќин на натпреварувањата, но овој пат како замена за Пекинг, кој отпадна од календарот поради пандемијата.
На денешната програма беа квалификациите на скокалницата ,,Виелка Крокиев”, на која, најдалеку скокна Роберт Јохансон.
Имено, со скокот од 137 метри, Норвежанецот дојде до победата на квалификациите, со убедлива предност во однос на својот сонародник – Халвор Егнер Гранеруд (-6,4 поени).
На третото место се пласираше Штефан Крафт, а на старите денови нè потсети четвртопласираниот Симон Аман.
Во продолжение следуваше домашното трио составено од Андржеј Стекала, од Камил Штох и од Клеменс Муранка, а осмото место го поделија Јапонците Наоки Накамура и Јукија Сато.
Пласманот во првите десет го заокружи Полјакот Пјотр Жила.
📸 Tadeusz Mieczyński



