Втората носителка на Аустралиан Опен, Симона Халеп, успеа да избори пласман во осмина-финалето на првиот грен-слем годинава, совладувајќи ја Вероника Кудерметова со вкупни 2-0.
Целиот меч траеше 79 минути, а во првиот сет, Халеп имаше апсолутна доминација за конечни 6-1.
Русинката ја измачи Романката во вториот сет, каде што успеа да освои два брејкови, но допушти три за вкупни 3-6.
Проблемот на Кудерметова на денешната средба беше сервирањето со само 42% прецизност на прв сервис.
Во наредната рунда, Халеп ќе игра против Ига Швјонтек, којашто ја порази Фиона Феро со 2-0.
📸 REUTERS / Kelly Defina