
Во четвртфиналето на НБА, Мајами Хит поведоа со 1-0 против Филаделфија 76ерс, поразувајќи ги со 106-92.
Домаќините од Флорида водеа речиси во текот на цел натпревар и рутински дојдоа до конечен триумф.
Од победничките редови, дабл-дабл од 24 поени и од 12 скокови запиша Бам Адебајо, а уште 25 кошеви уфрли Тајлер Херо.
На спротивната страна, без Џоел Ембиид, најефикасни беа Тобијас Херис со 27 и Тајрис Макси со 19 поентирања.