
Актуелните двократни шампиони на НХЛ, Тампа Беј Лајтнинг, го започнаа овосезонскиот плејоф со убедлив пораз.
Имено, во исклучително тензичен натпревар, претставниците на Флорида беа декласирани со 5-0 од Торонто Мејпл Лифс.
На мечот, Тампа имаше дваесет и четири удари, но сите од нив беа запрени од голманот Џек Кемпбел, кој дојде до шестиот шут-аут во сезоната.
Од друга страна, Остон Метјус погоди двапати за Торонто, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Џејк Мазин, Давид Кампф и Митч Марнер.